Составот на Јувентус се избори за уште една дерби победа на гостински терен и тоа на „Артемио Франки“ во Фиренца каде ја совлада Фиорентина со 1-0. Погодокот вреден три големи бода за „бјанконерите“ беше дело на младиот Фабио Мирети за кого ова беше прв гол за великанот.
Интересно е тоа што и легендата на Јуве, Клаудио Маркизио својот прв гол за клубот исто го има постигнато во триумф над Фиорентина со 1-0.
-Клаудио неколку пати ми пиша за да ме охрабри и јас му благодарам. Оваа случајност исто така прави да изгледа поубав момент, -рече Фабио кој не размислува за Скудетото иако тие како група се на втората позиција со само два бода помалку од Интер.
-Треба да собереме што е можно повеќе бодови за да останеме во првите четири, а потоа ќе видиме до каде сме во мај -заклучи Мирети за „ДАЗН“.