Фудбал

Мареска и официјално нов менаџер на Челси

Енцо Мареска и официјално беше назначен за менаџер на елитниот англиски тим Челси. 44-годишниот италијански стручњак потпиша петгодишен договор со лондончани и го замени Маурисио Покетино.

-Да се ​​приклучам на Челзи, еден од најголемите клубови во светот, е сон за секој тренер. Со нетрпение очекувам да работам со одлична група играчи и персонал за да развијам тим кој ќе ја продолжи традицијата на клубот на успеси и ќе ги израдува нашите навивачи, изјави Мареска за официјалниот сајт на Челси.

Мареска минатата сезона го предводеше Лестер до титула во второто ниво на англискиот фудбал и промоција во Премиер лигата. Се очекува Челси да му плати на Лестер меѓу 8 и 10 милиони фунти како отштета за предвременото раскинување на договорот со Мареска.

Италијанецот беше префериран од раководството на Челси пред другите кандидати за работата Томас Френк од Брентфорд, Роберто Де Зерби од Брајтон и Киеран Мекена од Ипсвич.

Челси минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата.

To top