Германските медиуми пренесуваат дека германскиот голман Мануел Нојер ќе остане во клубот од Минхен до 30 јуни 2026 година.
Сепак, не се сите задоволни од новиот договор, кој според многумина ја иновираше голманската позиција во 21 век.
Имено, навивачите веруваа дека е поважно да се обезбедат нови договори за играчи како Лерој Сане, отколку да се задржи голман во клубот кој со години не брани постојано поради честите повреди.
Факт е сепак дека малкумина играчи можат да се пофалат со 13-годишен мандат на „Алијанц Арена“, па сигурно е дека кога и да ја заврши кариерата, Нојер ќе остане запаметен како една од најголемите легенди на баварскиот клуб.
Нојер (38) во Баерн пристигна во 2011 година од Шалке, а за клубот од Минхен одигра 541 натпревар