Германскиот голман Мануел Нојер ќе ја продолжи соработката со германскиот великан Баерн Минхен, клуб чиј член е од 2011 година кога пристигна од редовите на Шалке 04.
Нојер во март ќе го прослави 39 роденден, но тоа како и послабата форма не е проблем за управата на „баварците“ која според последните информации се договорила со голманот за нов договор според кој ќе остане на „Алијанц Арена“ до 2026 година, односно недостасува само потпис и официјална потврда преку клупските гласила.
Нојер во моментот е повреден и скршеница на реброто која ја заработи во Куп дуелот со Баер Леверкузен.