Се ожени еден од најдобрите светски голмани Мануел Ноер (37). Ѕвездата на Баерн и неговата девојка Аника Бисел (23) се венчале во тајност, јавуваат светските медиуми.
Токму неговата нова сопруга ја откри веста на прилично суптилен начин.
Имено, 14 години помладата ракометарка го смени презимето на Инстаграм во Ноер.
Како што пренесува Билд, изненадувачката венчавка се одржала со скромна церемонија и во најтесниот круг на пријатели.
На крајот на септември веќе се шушкаше за свршувачката и бременоста на Бисел, а сега парот љубовта ја круниса со брак.