Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, јавно го изрази своето разочарување од постапките на Џанлуиџи Донарума по сериозната повреда на Џамало Мусијала на натпреварот против ПСЖ во четвртфиналето од Светското клупско првенство.
Младиот играч од средниот ред претрпе сериозна фрактура на ногата поради жестокиот старт на италијанскиот голман, што значи дека ќе биде надвор од терените во следните неколку месеци.
Ноер истакна дека очекувал повеќе емпатија и спортски дух, нагласувајќи колку е важно да се покаже почит кон повредениот ривал во вакви моменти.
– Не требаше да реагира така во дадената ситуација. Тоа е ризично. Тој практично ја прифаќа повредата на противничкиот играч. Отидов кај него и го прашав: „Нема ли да одиш кај Мусиала?“ Прашање на почит е, да одиш таму и да му посакаш се најдобро на човекот. На крајот тој го направи тоа. Секогаш е потребно да се игра фер. Јас би реагирал поинаку – рече Ноер.
Иако Донарума подоцна изрази жалење преку социјалните мрежи, впечатокот од неговата првична реакција остави горчлив вкус кај дел од јавноста.
View this post on Instagram