Фудбал

Манчестер Сити влезе во плејофот на ЛШ каде го чека Реал или Баерн

Манчестер Сити влезе во плејофот на ЛШ каде го чека Реал или Баерн

Пласман во осминафиналето на ЛШ обезбедија: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

Последнио патници се, ПСЖ и Манчестер Сити, но нема да им биде лесно во нокаут фазата. „Граѓаните“ и „светците“ заедно со Реал, Баерн, Јувентус, Бенфика… ќе мора да играат во плејофот за пласман во осминафиналето.

Иако веќе пишувавме за тоа, уште еднаш ќе ве потсетиме како функционира Лигата на шампионите откако ќе започне елиминациската фаза.

Ждрепката за плејофот ќе биде извршена во петок, во Нион. Таа ќе се изврши според „серпентин систем“, кој имавме можност да го видиме при извлекувањето на двојките во Конференциската лига, лигашкиот дел од третото по ранг клупско натпреварување под покровителство на УЕФА, беше комплетиран уште во декември, со оглед на тоа што имаше две кола помалку.

Поточно, во еден шешир ќе бидат деветтиот и десеттиот во поредокот, во вториот 23. и 24. по првата фаза, а потоа 11. и 12. ќе се вкрстат со 21. и 22. , па 13-ти и 14-ти со 19-ти и 20-ти и на крајот 15-ти и 16-ти со 17-ти и 18-ти на табелата. Можни се дуели на две француски и две италијански екипи во плејофот. Манчестер сити во плејофот ќе игра против Реал или Баерн Минхен.

Поврзани теми

To top