Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува летен трансфер за играчот од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета.
Ова ќе стане приоритет за Пеп Гвардиола доколку Бернардо Силва одлучи да го напушти клубот.
Пакета (26) блеска за „чеканите“ откако им се приклучи од Лион во летото 2022 година за клупски рекордни 50 милиони фунти.
Фудбалерот од средниот ред беше еден од клучните играчи на Вест Хем оваа сезона, но заработи повреда на потколеницата во декември и оттогаш тимот на Дејвид Мојес не успеа да победи во седум последовни натпревари без него.