Фудбал

Манчестер Сити со нов договор за Де Брујне

Манчестер Сити со нов договор за Де Брујне

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити е подготвен да го продолжи договорот на Кевин Де Брујне до јуни 2026 година.

Де Брујне има соработка со „граѓаните“ до 2025 година, но наводно до белгискиот репрезентативец пристигнале понуди од Саудиска Арабија и затоа премиерлигашот решил да реагира.

Белгиецот пристигна на „Итихад“ во 2015 година од Волфсбург, а досега за гигантот одигра 360 меча и постигна 97 голови.

To top