Актуелниот европски шампион Манчестер сити покажал голем интерес за доведување на египетскиот напаѓач, Омар Мармуш кој игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер сити е во напредни преговори со бундеслигашот, а се шпекулира дека сумата за која напаѓачот би можел да се пресели во Манчестер е околу 60 милиони евра.
Сезонава Мармуш игра на високо ниво и на 24 натпревари за Ајнтрахт постигна 18 гола и подели 12 асистенции. Во германското првенство постигна 13 голов на 15 натпревари, подобар од него е само Хари Кејн со 14 погодоци.