Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид доби понуда 150 милиони евра од Манчестер Сити за услугите на бразилскиот фудбалер Родриго.
Сепак, 23-годишниот играч игра навистина врвен фудбал и во претходните сезони беше еден од хероите во освојувањето на бројни трофеи.
Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола е воодушевен од фудбалските вештини на бразилскиот фудбалер и би сакал да го доведе во својот тим. Понудата веќе е пратена, но Флорентино Перез не сакаше ниту да ја слушне.
„Реал Мадрид наводно добил понуда од 150 милиони евра за Родриго. Понудата е испратена до Манчестер Сити. Сепак, шпанскиот клуб не сака да го продаде”, пренесуваат медиумите во оваа земја.