Завршени се сослушувањата и презентирањето на доказите во случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити, објавија англиските медиуми.
Сега треба советот составен од тројца судии да донесе конечна одлука за обвиненијата по 115 точки за кршење на финансиските правила.
Завршните зборови на двете страни беа презентирани во петокот во Лондон, во Центарот за разрешување спорови. Ова го означи крајот на рочиштата кои почнаа на 16 септември.
Манчестер Сити е обвинет за 115 прекршувања на финансиските правила, но и за одбивање да соработува во текот на самата истрага.
Од своја страна, Манчестер Сити ги негира сите неправилности. Ако тричлениот судски совет одлучи дека Премиер лигата е во право,
Сити се соочува со казни кои може да бидат финансиски, одземање на бодови или исфрлање од Премиер лигата. Во историјата на англискиот фудбал немало ваков случај и прашање е каква ќе биде вистинската казна, доколку ја има.