Манчестер Сити и трета година по ред го сруши клупскиот рекорд според заработката, објавија од клубот. Во сезоната 2023/24 клубот имал заработка од 715 милиони фунти, што е за 73.8 милиони фунти повеќе од претходната сезона.
„Граѓаните“ минатата сезона ја освоија Премиер лигата, клупското Светско првенство, европскиот Супер куп, како и англискиот Комјунити шилд. Главни приходни ставки се маркетингот и рекламити, ТВ-правата, како и потрошувачката на навивачите на денот на натпреварот.
„Нашата амбиција секогаш е да освојуваме трофеи. Овој организациски пристап сега е дел од нашата ДНК. Се трудиме секогаш да бидеме подобри од претходно. Нашиот четврти трофеј по ред во Премиер лигата беше успех кој го искачи Манчестер сити на место на кое ниту еден друг англиски клуб не бил.“ – велат од клубот.
Манчестер Сити во моментов е на четвртата позиција во Премиер лигата со заостанување од осум бода позади Ливерпул.