Фудбал

Манчестер Сити го праќа на позајмица Калвин Филипс

Манчестер Сити го праќа на позајмица Калвин Филипс

Калвин Филипс има договор со Манчестер Сити до 2028 година, ама повеќе од јасно е дека тој нема иднина во овој клуб или барем се додека на кормилото на истиот е Пеп Гвардиола.

Англичанецот не се снајде и не ја искористи шансата додека можеше, па така во минатата сезона не се прослави ниту на позајмицата во Вест Хем, па пак се врати меѓу „граѓаните“ и беше на летните подготовки.
Меѓутоа беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине на друго место и тоа место ќе биде Ипсвич Таун.
To top