Еден од најдобрите фудбалери на сензацијата на сезоната во шпанското првенство, Гирона кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.
Станува збор за 19-годишниот Савио Мореира.Младиот Бразилец кој е на позајмица во Гирона од француската Троја досега настапи на 27 натпревари на кои забележа седум говои и седум асистенции па го примами интересот на европските великани.
За неговиот потпис постоеше интерес и од Германија и други клубови од Англија, но на крајот изборот падна на „граѓаните“.