Управата на Манчестер Јунајтед сè уште нема решение за менаџерската функција, но веќе го имаат потенцијалното ново засилување.
Станува збор за фудбалерот на Нотингем Форест 23-годишниот Елиот Андерсон.
Фудбалерот е стандарден во својот тим, а успеа да избори место и во англиската репрезентација кај селекторот Томас Тухел.
Британските медиуми споменуваат дека неговиот трансфер би чинел околу 100 милиони фунти.