Фудбал

Манчестер Јунајтед соопшти лоша вест за повредениот Мартинез

Манчестер Јунајтед соопшти лоша вест за повредениот Мартинез

Според информациите од Англија Аргентинецот заработи нова повреда на мечот со Брентфорд.

Мартинез е убедливо најголем малер на Манчестер Јунајтед во последните 12 месеци, бидејќи по тешката повреда на ахиловата тетива и бавниот старт на сезоната, пред извесно време го повреди и коленото поради што паузираше речиси два месеци.

Мартинез се врати по репрезентативната пауза и требаше да претставува големо засилување за финишот од сезоната, но наместо тоа, сега повторно ќе мора да паузира поради повреда на листот.

Манчестер Јунајтед објави дека аргентинскиот стопер ќе паузира четири недели, а истото важи и за Виктор Линделоф кој беше заменет против Брентфорд токму од Лича.

To top