Давид де Хеа е без ангажман 12 месеци откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед во 2023 година.
Шпанскиот голман се поврзуваше со премин во разни првенства, но до официјализирање на соработка не дојде.
Интересно, англиските медиуми откриваат дека 33-годишникот имал шанса ова лето да се врати назад на „Олд Трафорд“, но ја одбил можноста откако клубот му го продолжи договорот на Ерик тен Хаг. Шпанецот нема намера повторно да игра под палката на холандскиот стратег кој воедно беше причината зашто тој не доби нов договор.