Фудбал

Манчестер јунајтед нема победа на три натпревари во низа

Манчестер јунајтед нема победа на три натпревари во низа

Манчестер јунајтед веќе три натпревари не може да победи.

Избраниците на Ерик тен Хег денеска беа поразени на домашен терен од Тотенхем во 6. коло од Премиер лигата – 0:3.

Последен пат тимот од „Олд Трафорд“ победи на 17 септември – против Барнсли (7:0) во Лига купот. Потоа ремизираа двапати и претрпеа еден пораз.

Тимот има само три победи во девет натпревари оваа сезона.

На 3 октомври Манчестер јунајтед гостува кај Порто во Лига Европа.

To top