Фудбал

Манчестер Јунајтед ќе гради стадион со капацитет од 100.000 седишта

Манчестер Јунајтед ќе гради стадион со капацитет од 100.000 седишта

Новото раководство на Манчестер Јунајтед размислува за изградба на целосно нов стадион, за што би била направена инвестиција од 2 милијарди фунти стадион кој би имал капацитет од 100.000 седишта.

Специјална тричлена комисија во која членува и Гери Невил веќе одржала неколку состаноци и се одлучила да се изработи почетен проект за нов стадион, посебно што реновирањето на актуелниот стадион би траело подолго и би чинело 1,2 милијарди фунти.

Во инвестираните 1,25 милијарди фунти од Ретклиф при купувањето акции во Манчестер Јунајтед се вклучени и 237 милиони фунти за вложување во инфраструктурата, а милијардерот очекува одредена финансиска поддршка и од локалните власти и од државата.

To top