Англиските фудбалски премиерлигаши по традиција играат натпревари за време на божиќните празници. Денес ќе се одиграат пет натпревари од 19. коло.
Најдобриот клуб во англиското првенство на „Boxing Day“ од основањето на Премиер лигата во 1992 година е Манчестер Јунајтед.
Во просек, Манчестер Јунајтед на Боксинг деј дава 2,62 голови по натпревар. Има 21 победа на 27 меча.
Ливерпул и Арсенал се во топ 3 според резултатите на Боксинг Деј – имаат по 16 победи во 25 натпревари.
Манчестер јунајтед вечер од 21 часот ќе се соочи со Астон вила.