Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците за завршниот круг од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи следната година.
Нашите фудбалски надежи предводени од селекторот Влатко Колев за место на континенталниот шампионат ќе се соочат со Германија, Франција и Словенија и се дел од групата 1. Само првопласираната репрезентација ќе избори пласман на завршниот турнир и ќе се игра во март следната година.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП за фудбалери до 17 години:
ГРУПА 1: Германија, Франција, Словенија, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА 2: Исланд, Португалија, Италија, Романија
ГРУПА 3: Шведска, Црна Гора, Грција, Норвешка
ГРУПА 4: Чешка, Казахстан, Австрија, Данска
ГРУПА 5: Белгија, Кипар, Србија, Швајцарија
ГРУПА 6: Шпанија, Турција, Шкотска, Северна Ирска
ГРУПА 7: Република Ирска, Словачка, Хрватска, Полска
Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни следната година, а домаќин е Естонија.