Фудбал

Македонските фудбалери заминаа за Данска

Македонските фудбалери заминаа за Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за вториот настап во баражот за Светското првенство.

Со нов селектор и подновени сили нашите фудбалери ќе ја предизвикаат Данска, а на два дена пред мечот летнаа за Копенхаген.

За денес не се планирани официјални обврски, додека за утре се закажани два тренинзи.

Првиот ќе биде утрински, а вечерта стандардно ќе се одржи и официјалниот тренинг на 24 часа пред натпреварот. Пред него ќе биде и официјалната прес-конференција од „Паркен“.

Македонија ќе ги предизвика Данците во борбата за потенцијално финале од мини-турнирот во баражот за Мундијалот. Натпреварот се игра в четврток во терминот од 20:45 часот.

To top