Фудбал

Македонските фудбалери до 19 години ремизираа против Фарски Острови во квалификациите за ЕП

Македонските фудбалери до 19 години ремизираа против Фарски Острови во квалификациите за ЕП

Денеска во својот прв натпревар од првата рунда од квалификациите за пласман на ЕП македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години ремизираше без голови (0:0) против Фарски Острови.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа повеќе од играта, имаа дури 15 обиди кон противничкиот гол, а Фарски Острови само еднаш се закани.

Нашите фудбалери имаа и девет корнери, ниту еден на спротивната страна, на крајот успеавме само да стигнеме до бод.

Следниот меч во квалификациската група 5, Македонија ќе го има на 28 март против домаќинот на турнирот, селекцијата на Холандија.

To top