Фудбал без освоен бод

Македонските фудбалери до 17 години со три порази ги завршија евроквалификациите

Македонската репрезентација во двете воведни кола претрпе идентичен пораз од 2-1 од Германија и Франција и заврши на последното место во квалификациската група А1. 

Македонските фудбалери до 17 години со три порази ги завршија евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години без освоен бод го заврши настапот во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во завршното трето квалификациско коло загуби во Крањ од домаќинот Словенија со убедливи 4-0.

Избраниците на селекторот Влатко Колев беа во негатива од два гола по првото полувреме, откако Јереб ѝ донесе водство на Словенија во 11 минута, а Балажиќ во 42 минута ја зголеми предноста.

Јереб со својот втор гол на натпреварот го зголеми водството на домашната репрезентација во 82 минута, а конечниот резултат го постави Робин во судиското продолжение.

Македонската репрезентација во двете воведни кола претрпе идентичен пораз од 2-1 од Германија и Франција и заврши на последното место во квалификациската група А1. (МИА)

To top