Фудбал

Македонската фудбалска селекција до 19 години поразена од Украина

Македонската фудбалска селекција до 19 години поразена од Украина

Фудбалската репрезентација до 19 години ги започна со пораз елитните квалификации за настап на Европското првенство, откако на домашен терен беше надиграна од селекцијата на Украина.

Врсниците од Украина успеаја подобро да се снајдат на теренот „Петар Милошевски“ во Скопје, а со оглед на прикажаното на теренот, мора да се признае дека заслужено ги освоија трите бода.

Фудбалерите на Тони Јакимовски парираа во првите 30 минути и изгледаа навистина стабилно, но завршницата од првиот дел им припадна на гостите, кои поведоа преку Кревсун во продолжението од првиот дел.

На стартот на втоото полувреме, Пономаренко зголеми на 0:2 и практично ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе ги освои трите бода, бидејќи по примениот втор гол, целосно падна енергијата кај нашите надежи.

За да биде уште потешко на крајот се погрижи Мелиќи кој доби два жолти картони во 74 и 75-та минута, па нашиот тим мораше грчевито да се брани за да не прими и трет гол.

To top