Фудбал

Фудбалерите на Македонија до 19 години атакуваат на историски пласман на ЕП

Фудбалерите на Македонија до 19 години атакуваат на историски пласман на ЕП

Македонската машка фудбалска репрезентација до 19 години утре на домашен терен во Скопје го стартува квалификацискиот турнир од елитната рунда во обид да избори дебитантски настап на Европското првенство, чиј домаќин од 15 до 25 јули ќе биде Северна Ирска.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски се дел од групата 7 во која за противници ќе ги имаат селекциите на Швајцарија, Украина и Латвија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

„Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што нè красеше и на квалификацискиот турнир во Полска. Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна. Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех“, изјави попладнево селекторот Јакимовски по официјалниот тренинг пред утрешниот воведен дуел против Украина, со почетокот во 14 часот на теренот на тренинг комплексот „Петар Милошевски“.

Во вториот дуел од воведното коло во квалификациската група 7, на стадионот на Македонија Ѓорче Петров ќе играат Швајцарија и Латвија.

Македонските фудбалери во второто коло в сабота во истиот термин во комплексот „Петар Милошевски“ ќе играат против Швајцарија, а во последното коло на 26 март за противник ќе ја имаат Латвија.

 

Администратор
20/03/2024 04:16
To top