Најдобрата фудбалска селекција на Македонија го имаше првиот собир закажан за стартот на октомвриските предизвици во Лигата на нациите на УЕФА каде чекаат две гостувања против Летонија и Ерменија.
Селекторот Благоја Милевски ги имаше сите повикани играчи на располагање, со исклучок на Александар Трајковски и Дарко Чурлинов кои пријавија повреда и нема да може да се стават на должност на националниот тим.
Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра на 10 октомври, а три дена подоцна нашиот национален тим ќе гостува кај Ерменија во Ереван.