Фудбал

Македонија ремизираше со Казахстан

Македонија ремизираше со Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија во еден од клучните мечеви за место на Светското првенство одигра реми со Казахстан (1-1) и така шансите за првото место во групата се минимални.

Последен меч од циклусот ќе ни биде со Велс, тоа ќе биде директен дуел за втората позиција на табелата во Кардиф кој ќе го даде патникот во баражот за СП 2026 преку квалификациите, што носи и подобра позиција при ждрепката.

Белгија има уште два меча со аутсајдерите во групата, па тешко е да се очекува да киксне.

По една мешаница во казнениот простор и лоша комуникација на одбраната со Димитриевски, топката заврши до Динмукамед Караман, а тој со тежок шут донесе гостинска радост (0-1).

Македонија потоа тргна во напад, имаше одлична можност да израмни преку Тихомир Костадинов по додавање на Барди, но топката профуче крај дирекот.

Следеше игра со многу прекини и грешки на двете страни, а Македонија беше поактивна. Се чекаше на конкретен момент се до 74. минута, кога нашиот национален тим доби слободен удар на триесетина метри. И Енис Барди ја покажа својата генијалност, атрактивно погоди во мрежата на Сеисен, за израмнување на 1-1 и ерупција на трибините во Скопје. За капитенот ова беше јубилеен дваесетти гол во дресот со државниот грб. Во продолжението од мечот продолжи притисокот на Македонија, а Казахстан чекаше на контри. Во игра влезе и лександар Трајковски , кој ја имаше најдобрата шанса за гол кога не успеа да погоди. Во финишот двојна шанса имаа Елмас и Серафимов, но немаше пак гол. На крајот, конечни 1-1, лоши за Македонија, а добри за Белгија и Велс.

Во последниот меч од квалификациите за СП 2026, Македонија гостува кај Велс во Кардиф. Дуелот се игра во ноемврискиот термин, во кој нашиот национален тим ќе игра и пријателски меч со  Летонија.

To top