Фудбал

Македонија останува на исто место на ФИФА ранг листата

Македонија останува на исто место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да менува позиции на најновата ФИФА-листа, иако го победи Лихнтештајн и одигра реми против Велс во мартовските натпревари од циклусот за Светското првенство (СП) во 2026 година.

Нашиот национален тим доби бодови, но недоволно да менува место, па на најновата ФИФА-листа која ќе биде објавена на 3 април останува на 67 позиција.

Нема промени во ТОП 10 каде Аргентина е прва пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандијам, Белгија, Италија и Германија.

 

To top