Ова ќе биде прв светски собир со дури 48 репрезентации, но од проширувањето најмал бенефит има Европа, која од 13 дојде на 16 претставници, што е драстично помал скок во однос на другите континенти.
Квалификациските средби ќе се одиграат од март до ноември 2025 година, а селекциите ќе бидат поделени во 12 групи од кои една половина ќе бидат со шест, а втората со пет тима.
Пласман на СП директно ќе обезбедат само победниците на секоја од 12-те групи, додека второпласираните ќе играат плејоф заедно со четирите најдобри од Лигата на нации за преостанатите четири визи за Мундијалот.
Според сегашниот распоред на барабаните, Македонија не би можела да биде во иста група со Грција, Албанија, Словенија, БиХ и Црна Гора, но би можела да падне во екс-Ју група со Хрватска, Србија и со Косово.