Ова беше четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции кој заврши без победник.
Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски.
Со еврогол на Дамашкан во 83. минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции.
Следниот тест на „жолто-црвените“ е дуелот против Црна Гора во понеделник полладне, исто така во Анталија.