Фудбал пмфл

Македонија ЃП го совлада Пелистер, по бод за Тиквеш и Брера

Во двата денешни натпревари од 4 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП ја извојува првата победа оваа сезона совладувајќи го Пелистер, додека Тиквеш и АП Брера ги поделија бодовите.

Македонија ЃП до премиерната победа дојде со пресврт и головите на Христов во 25 минута од пенал и Гвереро во 66 минута, откако претходно Булатовиќ му донесе водство на битолскиот тим во 2 минута.

Тиквеш и АП Брера сè уште се без прволигашки триумф, откако нивниот меѓусебен дуел во Кавадарци заврши без голови.

ПМФЛ-4 коло:

Македонија ЃП – Пелистер 2-1

Тиквеш – АП Брера 0-0

Арсими – Силекс 0-1

Башкими – Струга 0-5

Шкупи – Вардар 2-4

Работнички – Шкендија (одложено)

Табела: Силекс 12, Струга 12, Вардар 10, Шкендија 7 (-1), Башкими 7, Пелистер 6, Македонија ЃП 3, Арсими 2, Тиквеш 2, АП Брера 2, Работнички 1(-1), Шкупи 0.

To top