Фудбал

Македонија до 19 години подобра од БиХ во Радовиш

Македонија до 19 години подобра од БиХ во Радовиш

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 2-0 на пријателскиот натпревар одигран денеска во Радовиш.

Херој на мечот беше Стефан Младеновски, кој ги постигна двата гола, по еден во секое полувреме.

Првиот погодок падна во 29. минута кога по одземена топка од Хоџа, Младеновски од прва прецизно биеше и донесе водство од 1-0 за Македонија.

Со овој резултат се замина на одмор. Во вториот дел гостите од БиХ имаа неколку прилики. Илоски одбрани еден обид, додека Косо во 56. минута шутираше непрецизно.

Македонија возврати преку Киш во 61. минута, но тој не успеа да ја стигне топката за погодок.

Во 85. минута пак, ударот на Младеновски го запре голманот Бањиќ. Сепак, во 89. минута беше досуден пенал за Македонија, а Младеновски со сигурна реализација ги постави конечните 2-0.

Реваншот меѓу двете селекции ќе се одигра во сабота (6 септември) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

To top