Фудбал

Мајкл Карик ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед и следната сезона

Мајкл Карик ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед и следната сезона

Мајкл Карик одлично ја води екипата на Манчестер Јунајтед стабилизирајќи ја и трансформирајќи ја во вистински кандидат за место меѓу првите четири во Премиер лигата.

Сепак, челниците на клубот продолжуваат со потрага по големо име за менаџерската позиција.

Некои потенцијални кандидати веќе отпаднаа. Томас Тухел потпиша нов договор и ќе остане селектор на Англија. Роберто де Ѕерби се поврзува со Тотенхем, додека формата на Кристал палас под водство на Оливер Гласнер предизвикува сомнежи.

Со оглед на тоа што шансите за доведување на Луис Енрике се минимални, тоа остава простор раководството сепак да ги послуша навивачите и да го задржи Мајкл Карик и следната сезона.

To top