Лука Модриќ се запиша во листата на стрелци за Хрватска на мечот со Италија (1:1) во групата Б на Евро 2024.
Прво промаши пенал во 54. минута, но неколку секунди подоцна од непосредна близина шутираше покрај Донарума и со тоа го запиша своето име во историјата.
Со овој гол Модриќ стана најстариот стрелец во европските финалиња. Тој има 38 години и 289 дена.