Славната етапа на Лука Модриќ во редовите на Реал Мадрид полека завршува, а за тоа пристигнува потврда и од Шпанија.
Хрватскиот репрезентативец летово го продолжи договорот со „кралевите“, но сезонава не добива голема минутажа и јасно е дека наскоро ќе замине од мадридскиот гигант.
Како наведува порталот „Тодофицијалес“, Модриќ веќе ги информирал челните лица дека ќе замине од Реал и најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија, каде ќе потпише со Ал-Наср, тимот во кој настапува и Кристијано Роналдо.
Хрватот воедно имал солидна понуда и од Интер Мајами, но сепак изгледа се решил за премин на арапскиот континент, каде најверојатно ќе се обврзе на двегодишна соработка.