Фудбал

Луис Енрике: Не се опуштаме и по убедливата победа во првиот меч

Луис Енрике: Не се опуштаме и по убедливата победа во првиот меч

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со предност од два гола ќе гостуваат на „Вила Парк“ во рамки од реванш-натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Луис Енрике е внимателен пред реваншот кој ќе се одигра.

„Наш план е да се справиме со предизвиците што ќе ни ги донесе Астон Вила и да целиме на победа. Доаѓањето на стадион како „Вила парк“ за нас е можност да покажеме конкурентност. Уживаме да играме и дома и на гости – тоа не е пречка, туку дополнителен поттик.

Треба да останеме концентрирани на нашите цели. Ако сме спремни да се бориме, ќе бидеме спремни и да триумфираме. Подготвени сме за секакви сценарија. Ова е натпреварување што носи возбуда, а ние сакаме да покажеме игра што ќе ни донесе успех.“

Фаворити? Лигата на шампиони е полна со екипи што важеа за фаворити, но испаднаа. Иако победивме во првиот меч, не се опуштаме, бидејќи сме гладни за победа. Сакаме да докажеме дека имаме квалитет за полуфинале“, изјави Луис Енрике..

To top