По победата во финалеоо од 2-1 против Англија, селекторот Луис де ла Фуенте рече:
„Нема посреќен човек од мене. Конечно циклусот се комплетираше со една голема титула. Сега сум уверен дека можеме да продолжиме да победуваме. Денес одигравме зрел натпревар и верувавме во нашите квалитети. Имавме проблеми и дилеми. Родри се повреди, но знаев дека Зубименди добро ќе го замени. За Родри веќе кажано е каков играч е и колку ни е важен. Ве молам спремете ја „Златната топка“ за Родри. Имаме многу добри фудбалери кои постојано се надградуваат и ќе бидеме уште посилни“.
Де ла Фуенте е првиот во историјата со европска титула за фудбалери до 19, 21 година и во сениорска конкуренција.