Фудбал

Лучијано Спалети ќе го продолжи договорот со Јувентус

Лучијано Спалети ќе го продолжи договорот со Јувентус

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, наскоро, ќе потпише продолжување на договорот со гигантот од Торино објавуваат италијанските медиуми.

Спалети седна на клупата на Јувентус во октомври лани на местото на Хрватот Игор Тудор, а неговиот договор важи до крајот на тековната сезона.

Според италијанските медиуми, 67-годишниот Спалети ќе потпише до јуни 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Спалети претходно изјави дека главен услов за продолжување на договорот е да учествува во идните клупски трансфери.
На клупски план, Спалети покрај Јувентус, ги предводеше и Наполи, Удинезе, Емполи, Рома, Интер, Сампдорија, Венеција и Анкона, додека единствениот клуб што го водеше надвор од Италија е руски Зенит.

Од 2023 до 2025 година, Спалети беше селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

To top