Фудбалскиот калчолигаш Јувентус е се поблиску кон назначување на Лучијано Спалети за главен тренер, а извоеите од Италија тврдат дека официјалната прес конференција и презентацијата би можеле да бидат уште во четврток.
Според Sky Sport, Спалети речиси постигнал договор за преземање на „бјанконерите“, кратко откако Игор Тудор беше отпуштен вчера по слабите резултати.
По силниот почеток на сезоната, „Старата дама“ се мачеше, а серијата без победа и без голови го забрза заминувањето на Тудор од клубот.
Спалети ќе го преземе кормилото на Јувентус, ова ќе биде прв клуб на Спалети од 2023 година, кога го напушти Наполи по две години на чело на нивната клупа.
Во следните две години, Италијанецот ќе ги предводеше „аѕурите“, преземајќи ја италијанската репрезентација по изненадувачката оставка на Роберто Манчини.