Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид славеше победа над Борусија Дортмунд во третото коло во Лигата на шампионите. „Кралевите“ беа во многу лоша ситуација по првиот дел, губеа со 0-2 од „милионерите“, но во вториот дел дојдоа до пресврт и на крајот славеа со 5-2.
Германскиот тим одигра многу добро прво полувреме, ја имаше контролата на играта, и со головите на Мален во 30. минута и потоа на Гитенс во 34 минута стигнаа до предност од 0-2.
Реал беше во безизлезна ситуација, но успеа со два брзи гола да дојде до израмнување преку Рудигер и Винисиус за само три минути донесоа израмнување.
Беше мирно до 83. минута кога Лукас Васкез донесе пресврт, за Винисиус со два гола да ја комплетира убедливата победа на Реал.
Бојан Миовски влезе во игра во 24. минута, а Џирона дојде до првата победа откако ја совлада екипата на Слован Братислава со 2-0. Гутиерез и Хуанпе беа стрелци на головите, а згора на тоа домашните промашија и пенал.
Штутгарт го шокираше Јувентус и го совлада сред Торино со гол во судиското надополнување. Откако Јуве остана со играч помалку, Штутгарт имаше пенал, но го промаши. Туре на крајот постигна гол за голема победа на „Швабите“.
Астон Вила откако го совлада Баерн Минхен, на свој терен ја победи и Болоња, а Арсенал беше подобар од Шахтјор со 1-0. ПСЖ направи „кикс“ и одигра само 1-1 со ПСВ Ајндховен, додека Спортинг славеше победа над Штурм со 2-0.