Фудбал

ЛШ: Интер без Аугусто и Арнаутовиќ на реваншот во Мадрид

Лидерот во Серија А, Интер, објави денеска дека на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони против мадридски Атлетико ќе мора да настапи без својот бразилски дефанзивец Карлос Аугусто и австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ, поради повреди.

ЛШ: Интер без Аугусто и Арнаутовиќ на реваншот во Мадрид

Обајцата се здобија со мускулни повреди и Аугусто би можел да се врати во тимот за првиот следен првенствен натпревар на домашен терен, додека австрискиот репрезентативец, најверојатно, го очекува едномесечна пауза.

Интер на реваншот во Мадрид в среда ќе брани предност од 1-0 која на дуелот во Милано на италијанскиот тим му ја донесе Арнаутовиќ.

Милански Интер е во серија од 13. победи во сите натпреварувања и е лидер во италијанското првенство со 16 бодови повеќе од градскиот ривал Милан на второто место.

To top