Фудбалерите на Галатасарај уште еднаш потврдија дека сезонава играат одличен фудбал на европската сцена.
Откако во 1/16-финалето го елиминираа италијанскиот Јувентус, тимот на Галатасарај вечерва го победи и Ливерпул.
Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Галатасарај пред својата публика славеше со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во седмата минута, а стрелец беше Марио Лемина.
Во продолжението на натпреварот имаше повеќе шанси за гол на двете страни. Во 71.минута гостите успеаја да ја затресат мрежата на противникот, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради игра со рака.
До крајот немаше промени на резултатот, па Галатасарај со гол предност ќе патува на реваншот во Англија за седум дена.
Покрај овој натпревар вечерва на програмата се уште три, а два од нив се дуели на англиски и шпански екипи.
ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ
Вторник
ГАЛАТАСАРАЈ – ЛИВЕРПУЛ 0-1
ЊУКАСЛ – БАРСЕЛОНА 21 часот
АТАЛАНТА – БАЕРН МИНХЕН
АТЛЕТИКО МАДРИД – ТОТЕНХЕМ