Фудбал

ЛШ: Галатасарај го декласираше Јувентус

ЛШ: Галатасарај го декласираше Јувентус

Супер интересен и ефикасен натпревар одиграа екипите на Галатасарај и Јувентус во првиот меч од првата нокаут фаза во Лигата на шампионите.

Седум постигнати голови, два пресврти и на крајот радост на домашните фудбалери и навивачи со конечни 5:2.

Уште во првиот дел беа видени три гола и првиот пресврт на гостите од Торино.

Бразилецот, Габриел Сара уште 15.минута го твори резултатот за водство на Галатасарај од 1:0.

Но, нивната радост траеше само шеесетина секунди. Веќе во следниот напад Јувентус преку Купмаерс го израмни резултатот на 1:1. Тоа даде дополнителен мотив кај фудбалерите на „старата дама“.

Тргна уште по офанзивно кон голот на домаќинот па, Холанѓанецот со својот втор гол во 32.минута направи комплетен пресврт, за водство на Јувентус од 1:2.

Возбудувања и голови имаше о во второто полувреме и тоа на задоволство на домашната публика.

Холанѓанецот, Ноа Ланг и Колумбиецот, Давинсон Санчез со головите во 49-та и 60.минута, повторно направија пресврт, а сега за водство на Галатасарај со 3:2.

Маките на гостите дополнително ги зголеми вториот жолт картон на Кабал па од 67.минута Јувентус остана со играч помалку.

Тоа домаќините го искористија па со вториот гол на Ланг (75) и Французинот, Боје (86) создадоа два гола предност за реваншот во Италија закажан за 25 февруари.

Вечерва на програмата се уште три натпревари од 1/16-финалната рунда, а четири нови ќе се играат утре.

To top