Фудбал

ЛШ: Баерн го совлада ПСЖ, а Ливерпул подобар од Реал Мадрид

ЛШ: Баерн го совлада ПСЖ, а Ливерпул подобар од Реал Мадрид

Фудбалерите на минхенски Баерн и англискиот Ливерпул беа поуспешпни од ривалите во 4.коло на Лигата на шампионите.

Германскиот првак, Баерн Минхен славеше на гостувањето кај европскиот шампион ПСЖ со 1-2. На натпреварот одигран на „Паркот на принцовите“, Баварците целата работа ја завршија уште во првото полувреме.

Со двата гола на Луиз Дијаз во 4-тата и 32.минута, Баерн првиот дел го заврши со два гола предност, но и играч помалку. Двојниот стрелец Диаз во деветтата минута од надополнувањето заработи црвен картон.

Парижаните тргнаа со сите сили во вториот дел, а како резултат на таквата игра дојде голот на Невес во 74-тата минута.

Иако „светците“ се обидуваа да стигнат до израмнување, тие не реализираа неколку шанси, па Баерн можеше да се радува. За германскиот шампион тоа е четврти триумф во исто толку одиграни натпревари.

Супер интересен натпревар, исполнет со бројни шанси одиграа Ливерпул и Реал Мадрид. Сепак, присутните на „Енфилд“ и оние крај малите екрани видеоа само еден гол и тоа во мрешата на шпанскиот тим/ За тоа се погрижи МекАлистер во 61-вата минута кој му донесе побед ана Ливерпул со 1-0.

На останатите натпревари. Убедлива победа славеше Тотенхем кој во Лондон со 4-0 го декласира Копенхаген.

Дуелите во Торино и Атина, меѓу Јувентус и Спортинг односно Олимпијакос и ПСВ завршија со ист резултат 1-1.

Минимална победа на гости кај Бодо-Глим забележа францускиот Монако со 0-1. Затоа пак во Мадрид, Атлетико му даде три гола на Ројал Уенион СЖ во мечот што заврши 3-1.

To top