Фудбал

Ливерпул за Исак нуди 150 милиони евра

Ливерпул за Исак нуди 150 милиони евра

Александер Исак иако му е кажано дека нема трансфер ова лето за него од Њукасл во Ливерпул, тој се надева дека до крајот на преодниот рок „страчките“ ќе се предомислат.

“Редси“ сега се во нова офанзива откако имаат намера да испратат нова понуда и тоа од 150 милиони евра плус бонуси. Ако ова Њукасл го прифати тогаш тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата и трет во историјата на фудбалот, по оние на Нејмар и Мбапе во ПСЖ, од 222 милиони евра и 180 милиони.

Колку за потсетување, Њукасл на почетокот за Исак бараше 170 милиони евра, додека Ливерпул понуди 130 милиони плус бонуси.

To top