Драматичната победа во последната минута од мечот, кој траеше цели 111 минути, со голот на младиот играч на Ливерпул Рио Нгумоха, донесе и нов клупски рекорд.
Рио со тој погодок стана најмладиот играч во 133 годишното постоење на клубот кој постигнал гол, а четврт во целокупната историја на Премиер лигата, после Џејмс Воган, Џејмс Милнер и Вејн Руни.
Разликата на Рио со Вејн Руни е само еден ден, односно Рио го постигна голот со 16 години и 361 ден, наспроти Руни кој постигна гол на 16 години и 360 дена.