Фудбал

Ливерпул остана без важен играч до крајот на годинава

Ливерпул остана без важен играч до крајот на годинава

Имено во последните мигови дефанзивецот Ибрахима Конате се повреди по еден дуел со Ендрик и веднаш стана јасно дека не се работи за нешто наивно затоа што Французинот не стана и по последниот судиски свиреж остана на теренот каде добиваше лекарска помош.

Поради оваа повреда тој ќе го скокне дербито со Манчестер Сити, но ќе биде во „аут“ и наредините пет-шест недели според последните информации.

-Толку е фрустрирачки да ја заработам оваа повреда на крајот од одличниот натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што ветувам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар што можам. Благодарност за неверојатната поддршка на Енфилд. Со Господ напред ќе продолжиме и ќе ја поддржувам екипата на секој чекор, -порача стоперот.

To top