Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен е како потенцијален наследник на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.
Англискиот десен бек се очекува да замине како слободен агент во Реал Мадрид по истекот на договорот со Црвените, а тие на негово место би го донеле холандскиот репрезентативец.
Менаџерот Арне Слот веќе стапил во контакт со својот сонародник, а во наредните недели е планирана и директна средба.
Интересно е што и Реал Мадрид го следи Фримпонг како алтернатива доколку Александер-Арнолд реши да остане на „Енфилд“.